Connect with us

Кошарка

Стојановски: Мора да покажеме желба и да се бориме за секоја топка

Кошаркарскиот клуб Пелистер утревечер го игра првиот домашен натпревар од ФИБА Европа купот. По стартниот пораз во првото коло на гости од Цедевита Јуниор, битолчани се домаќини на екипата Приевидза од Словачка.

–  Мора да покажеме желба, да се бориме за секоја топка, да бидеме колективно силни, да личиме на тим, да направиме промена и во индивидуалниот пристап, бидејќи од тоа почнува се. Мораме да останеме сконцентрирани и на обврските во одбраната, да не играме секој за себе. Ако секој од нас биде на висина на задачата со индивидуалниот пристап, тоа ќе придонесе сите заедно да изгледаме многу подобро на теренот. Секако, желба на сите нас е со победа да го крунисаме овој прв европски натпревар во Битола, изјави играчот на битолчани Лука Стојановски.

Натпреварот Пелистер – Приевидза се игра в среда во терминот од 19:00 часот во салата „Боро Чурлевски“.