Хроника
Приведен млад жител на неготинско Криволак поради закани преку интернет

Жител на неготинското село Криволак бил приведен рано утрово поради закани преку интернет, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи – Велес.
– Денеска во 1:30 часот, полициски службеници од ОВР – Неготино го лишија од слобода А.А., на возраст од 26 години од село Криволак, неготинско, постапувајќи по претходна пријава дека преку социјална мрежа и платформа за интеренет комуникација, му се заканувал на 67-годишник од Неготино. Тој е приведен во полициска станица, известен е јавен обвинител и по документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, потенцираа од СВР – Велес.
октомври 22, 2025