Connect with us

Хроника

Приведен државјанин на Германија, марихуана пронајдена во возило што го управувал

Државјанин на Германија бил лишен од слобода во текот на вчерашниот ден, откако марихуана била пронајдена во возилото што го управувал, соопштија денеска од Министерството за внатрешни работи.

– Вчера во 12:31 часот на граничен премин  „Табановце”, на влез во државата, полициски службеници гo лишија од слобода Р.Е.Р.Л., на возраст од 70 години, од Сојузна Република Германија. При гранични проверки и контрола во возило „фиат” – кампер со германска национална ознака, што го управувал, пронајдена и одземена е марихуана, појаснија од МВР.

Лицето било задржано во полициска станица.

– Во координација со јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, потенцираа од МВР.