Кошарка
Леброн ќе ги пропушти претсезонските тренинзи

Кошаркарот на Лос Анџелес лејкерс, Леброн Џејмс, ќе ги пропушти претсезонските тренинзи, објави инсајдерот Шамс Чаранија на социјалната мрежа X.
Според Чаранија, 40-годишниот Американец закрепнува од нервна иритација во глутеален мускул.
Леброн Џејмс очекува да биде подготвен за почетокот на новата НБА сезона, која ќе биде негова 23-та.
Минатата сезона, Џејмс одигра 70 натпревари, со просек од 24,4 поени, 7,8 скока и 8,2 асистенции.
октомври 8, 2025