Connect with us

Кошарка

Сферопулос по поразот од Задар: Очекував свирежи од публиката

Тренерот на Црвена ѕвезда, Јоанис Сферопулос, се обрати на медиумите на конференцијата по шокантниот пораз (79:85) од Задар синоќа на отворањето на сезоната во АБА лигата.

По двата почетни порази во новата евролигашка сезона, Црвена ѕвезда ги разочара своите навивачи и во регионалното кошаркарско натпреварување кои упатија свирежи кон своите миленици.

По натпреварот, Јоанис Сферопулос, стратегот на црвено-белиот тим, се обрати на новинарите.

– Го очекував тоа. Ова е Србија, слично е со Грција – очекувавме свирежи. Навивачите мора да бидат трпеливи, мора да бидат на наша страна, а не против нас. Се обидуваме да најдеме начин да ја надминеме ситуацијата, изјави Сферопулос.

Српските медиуми веќе шпекулираат дека Гркот во скоро време ќе добие отказ.