Connect with us

Кошарка

МЗТ Скопје Аеродром и Маџари ја отвораат сезоната во македонската МТЕЛ Супер лига

Со натпреварот меѓу бранителот на титулата МЗТ Скопје Аеродром и дебитантот Маџари денеска започнува новата, 34. по ред сезона во македонската машка кошаркарска МТЕЛ Супер лига.

Премиерниот натпревар од воведното коло е закажан со почеток во 18 часот во салата „Јане Сандански“ во Скопје.

Во рамки на првото коло, Гостивар утре е домаќин на Тиквеш, а в недела на програмата се дуелите Кожув – ТФТ, Чаир – Куманово и Феникс – Ангели. Премиерното коло од новата кошаркарска сезона ќе биде комплетирано в понеделник кога Работнички го пречекува Пелистер

Регуларниот дел од сезона ќе биде заокружен по одигрувањето на 22 коло, по што според измените во системот на натпреварување ќе стартуваат плеј-офот и плеј-аут сегментот

Финалните натпревари за титулата, според каланедарот, е предвидено да се играат во мај идната година.

Паралелно со настапите во домашното првенство, три прволигашки екипи сезонава ги очекуваат и настапи на меѓународната сцена.

Кошаркарите на Пелистер ќе играат во ФИБА Еврокупот, додека МЗТ Скопје Аеродром и ТФТ во регионалната АБА 2 лига.