Connect with us

Хроника

Тетовец уапсен поради напад врз сопругата

Полициски службеници вчера го лишиле од слобода Џ.Р.(41) од тетовско кој бил пријаен од неговата вонбрачна сопруга дека на 25 септември физички ја нападнал и ја заклучувал во домот.

Како што се наведува во соопштението од полицијата, на 01.10.2025 во 13:16 часот во Скопје, на подрачјето на Ѓорче Петров, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Џ.Р.(41) од тетовско, постапувајќи по претходна пријава од неговата 38-годишна вонбрачна сопруга, дека на 25.09.2025 во семејниот дом физички ја нападнал и ја заклучувал во домот.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна кривична пријава.