Кошарка
Стартни победи за дебитантите во Евролигата

Новите екипи во кошаркарската Евролига Дубаи и Хапоел Тел Авив стартуваа со победи. Дебитантите кои ја имаа улогата на домаќини остварија победи против Партизан односно Барселона.
Дубаи на домашен терен ја совлада екипата на Партизан со 89:76. Кошаркарите на Дубаи имаа водство во речиси целиот тек на натпреварот. Хапоел Тел Авив поради ситуацијата во Газа натпреварите како домаќин ги игра во Софија, но тоа не беше пречка да го совладаат фаворитот Барселона со 103:87.
На другите пет натпревари од стартното коло вечерва играат: Анадолу Ефес – Макаби Тел Авив, Црвена Звезда – Армани Милано, Панатинаикос – Баерн, Басконија – Олимпијакос и Виртус Болоња – Реал Мадрид
октомври 1, 2025