Connect with us

Свет

Зеленски најавува промени во армијата

Украинскиот претседател Володимир Зеленски објави дека во армијата се подготвуваат кадровски промени. 

Веста ја објави на платформата Икс по состанокот со Павло Палис, неговиот заменик-шеф на кабинет.

„Павло и јас разговаравме и за одредени кадровски прашања во армијата. Ќе ги извршиме назначувањата заедно со министерот за одбрана на Украина и врховниот командант на вооружените сили на Украина“, се наведува во соопштението на претседателот.

На средбата, Зеленски и Палис разговараа за приоритетите во развојот на антибалистичката програма „Фреја“ и договорите со европските производители поврзани со неа.

„Напредуваме со програмата и се приближуваме кон создавање вистински ефикасен антибалистички систем“, напиша претседателот.

Ad
Ad