Connect with us

Останати спортови

МотоГП: Безеки стартува од полпозицијата за ГН на Валенсија

Возачот на Априлија, Марко Безеки, ќе стартува од пол-позицијата на завршната трка сезона во МотоГП шампионатот за Големата награда на Валенсија, откако беше најбрз на денешните квалификации.

Безеки постигна резултат од 1:27.844 минути, соборувајќи го рекордот за најбрзо извозен круг на патеката во Валенсија.

Актуелниот шампион Марк Маркез (Дукати), ќе стартува од второто место, заостанувајќи во квалификациите 0,463 секунди зад Безеки. Осумкратниот светски шампион од „кралската“ класа ќе ја вози последната трка во својата кариера во недела, откако во петокот објави дека се повлекува од МотоГП:

Возачот на Тракхаус, Раул Фернандес, заврши трет во квалификациите, со заостанување од 0,589 секунди.

Трката за Големата награда на Валенсија ќе стартува в недела во 14 часот.

Ad
Ad