Фудбал
ПМФЛ: Шкендија ја прекина серијата без пораз на Тиквеш
Во последниот натпревар од 15. коло во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ), Шкендија триумфираше над Тиквеш попладнево на гостувањето во Кавадарци со 2-0.
Гостите од Тетово дојдоа во водство во 49. минута, откако Красниќи беше прецизен од белата точка, а победата на Шкендија ја завери Мелиќи во 76. минута.
Шкендија со триумфот во Кавадарци се врати на второто место, а Тиквеш со првиот овосезонски пораз од средината на август се спушти место подолу на табелата.
Претходно денеска, Силекс го совлада лидерот Струга со 1-0, а со идентичен резултат Вардар извојува гостинска победа над Арсими.
Резуѕлтати-15 коло:
Тиквеш – Шкендија 0-2
Силекс – Струга 1-0
Арсими – Вардар 0-1
Башкими – Скопје 1-2
Шкендија Арачиново – Брегалница 0-0
Табела: Струга 32, Шкендија 31, Тиквеш 27, Вардар 27, Силекс 21, Шкендија Арачиново 19, Брегалница 15, Башкими 14, Скопје 10, Арсими 10.
ноември 29, 2026


