Фудбал
МЛС: Бранителот на титулата Интер Мајами елиминиран на стартот од плејофот
Фудбалерите на Колумбус Кру го совладаа синоќа Интер Мајами со 1-0 во реваншот од првото коло од плејофот во МЛС лигата и го елиминираше бранителот на титулата со вкупен резултат од 2-0 во серијата до две победи.
Сантјаго Родригез го постигна победничкиот гол за Колумбус во втората минута од судиското продолжение за осма победа во серија.
Во првиот натпревар што се одигра на 21 ноември во Флорида, Колумбус победи со 3-0.
Ѕвездата на Интер и водечкиот стрелец во регуларната сезона во МЛС лигата, Лионел Меси, втор пат во неговите три настапи во плејофот е елиминиран во воведното коло.
Во 2024 година, Мајами беше елиминиран од Атланта Јунајтед, додека минатата година ја освоија својата прва шампионска титула.



