Фудбал
ПМФЛ: Победи на Силекс и Вардар
Фудбалерите на Силекс го совладаа лидерот Струга со 1-0 на домашен терен, а актуелниот шампион Вардар со идентичен резултат извојува гостинска победа над Арсими, во двата воведни натпревари денеска во рамки на 15. коло во ПМФЛ.
Силекс пред своите гледачи во Кратово ја прекина серијата од пет последователни победи на Струга, нанесувајќи му го третиот пораз на гостинскиот тим оваа сезона со голот на Донов во 56 минута.
Еден гол го одлучи победникот и на дуелот во Гостивар каде Николов биеше прецизно во 19 минута за триумфот на Вардар против Арсими.
Во последниот натпревар од 15 коло во ПМФЛ, попладнево во Кавадарци играат Тиквеш и Шкендија.
ноември 29, 2026


