Скопје
РКЕ: Парното од 1 декември поскапо за 7,56 отсто
Поради зголемената цена на природниот гас, што е резултат на геополитичките случувања, донесена е одлука со која од 1 декември цената на топлинската енергија се зголемува во просек за 7,56 отсто за домаќинствата што се снабдуваат од „ЕСМ снабдување“, „ЕСМ дистрибуција“, „ЕСМ производство на топлина“ и „ЕСМ енергетика“ – информира Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ).
-З а корисниците што се приклучени на мрежата на поранешната топлана „Скопје Север“, сегашна „Енерџи еколинк“, зголемувањето е за 5,84 отсто – прецизираат од РКЕ.
Нагласуваат дека со оваа одлука просечната сметка ќе се зголеми за 188 денари и ќе изнесува 2.681 денар.
– Одлуката следува откако сите компании што ги снабдуваат потрошувачите со топлинска енергија во градот Скопје доставија вонредни барања за промена на регулираниот максимален приход и ревидирање на цената на топлинска енергија, што беше донесена во јули, а е во сила од 1 август 2026 година – велат од РКЕ.
Во градот Скопје речиси 70.000 потрошувачи се снабдуваат со топлинска енергија.
ноември 27, 2026


