Connect with us

Скопје

Се отстрануваат хаварисаните возила од паркинзите и тротоарите во Кисела Вода

Нова акција за отстранување на хаварисани и неупотребливи возила се спроведува на територијата на Општина Кисела Вода. Општинските инспектори, заедно со претставници на лиценцирана фирма за постапување со отпадни возила, се на терен и ги отстрануваат автомобилите оставени на јавните површини.

Од Општината информираат дека акцијата се спроведува согласно Законот за управување со дополнителни текови на отпад. Претходно, на возилата биле поставени налепници со известување за нивно отстранување, по што дел од сопствениците сами ги дислоцирале автомобилите, додека оние кои не ги испочитувале дадените опомени и рокови се подигнати со акцијата на терен.

Целта на акцијата, како што велат од општината, е ослободување на узурпираните паркинг-места и зголемување на проодноста на јавните површини.

Од Општина Кисела Вода упатуваат апел до граѓаните да не ги оставаат неупотребливите возила на паркиралиштата и тротоарите, предупредувајќи дека инспекциските контроли и отстранувањето на ваквите возила ќе продолжат континуирано на целата територија на општината.

Ad
Ad