Сервисни информации
До недела претежно облачно со дожд и снег, од понеделник стабилно и студено
Под влијание на циклонска активност до недела времето ќе биде претежно облачно
со врнежи од дожд, кои наместа ќе бидат пообилни со наврнати над 30 литри на квадратен метар за 24 часа, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Поради продор на постуден воздух од север во деновите од викендот врнежите ќе бидат од дожд и снег во
некои од пониските, а на повисоките места и на планините од снег.
На планините ќе се формира нова снежна покривка до 20 сантиметри, а помала покривка од два до 10 сантиметри се очекува да се формира и на повисоките места.
Од понеделник времето ќе биде стабилно и студено.
ноември 26, 2026

