Свет
Машинистите на лондонското метро стапуваат во 24-часовен штрајк
Машинистите на лондонското метро денеска го почнуваат првиот од серијата 24-часовни штрајкови што ќе предизвикаат нарушувања во железничкиот сообраќај во британската престолнина, јави ДПА.
Членовите на синдикатот „Реил, Маритајм енд Транспорт Јунион“ (Rail, Maritime and Transport Union – RMT) ќе ја прекинат работата во 12 часот по локално време поради нерешениот спор со раководството околу воведувањето четиридневна работна недела, во рамки на која се предвидени продолжени смените на машиновозачите.
Транспортната служба „Транспорт фор Лондон“ (Transport for London – TfL) ги предупреди патниците дека нарушувања во сообраќајот се очекуваат пред почетокот на штрајкот, за време на неговото одржување, но и по завршувањето.
ноември 26, 2026


