Култура
Илковски: Музиката не познава граници, не бара превод и има моќ да поврзува
Музиката не познава граници, не бара превод и има моќ да поврзува без разлика од каде доаѓа, истакна Сашо Илковски, директор на НУ Центар за култура, организатор на меѓународниот фестивал „Музика од светот“ што синоќа почна во Битола.
Пред гостите од градот, државата и странство, Илковски посочи дека на 18. издание освен македонски, ќе настапат уметници од Турција, Шпанија, Грузија и уметницата Амира Медуњанин од Босна и Херецеговина која ја отвори музичката програма.
– Во Битола ги отвораме вратите за музиката, уметноста и културното поврзување. Годинешното мото на фестивалот, „Музички крстопат“ ја отсликува суштината на фестивалот, а тоа е средба на различни музички традиции, култури, емоции и уметнички израз. За време на фестивалските вечери Битола ќе биде домаќин на извонредни уметници и состави од повеќе држави кои ќе ни овозможат да патуваме низ различни музички светови и да откриваме нови звуци, нагласи Илковски.
Во пресрет на свеченото отворање, во фоајето на битолскиот Центар за култура беше промовирана изложба со наслов „Бучава што создава идентитет“ од авторот Тошо Филиповски
ноември 26, 2026


