Connect with us

Свет

Американски судија ѝ забрани на ФЦЦ да им се заканува на телевизиските станици на Еј-би-си

Американски судија ѝ забрани на Сојузната комисија за комуникации (ФЦЦ) да ги одземе дозволите за работа на осум телевизиски станици на Еј-би-си во сопственост на „Дизни“.

  • Ова не е случај во кој постојат сомнежи – напиша американскиот окружен судија Лорен Аликан. Еј-би-си има „значаен интерес во остварувањето на правото да биде заштитен од одмазда поради (својот) говор што е заштитен со закон“, напиша судијата во случајот кој претставува важен тест за слободата на говорот на медиумските организации.

Судијата рече дека ФЦЦ, се чини, спроведува кампања на одмазда што ја поттикнува американскиот претседател Трамп.

Претседателот на ФЦЦ, Брендан Кар, кој беше именуван на чело на агенцијата во јануари 2025 година, „реториката на Трамп ја сфаќа како свои наредби“, додаде судијата.

Трамп повеќепати ги повикуваше телевизиските куќи да укинат хумористични или информативни емисии што не му се допаѓаат или што го критикуваат него или неговата администрација. Исто така, во повеќе наврати вршеше притисок врз ФЦЦ да ѝ ги одземе дозволите на Еј-би-си.

„Дизни“ и Еј-Би-Си ја тужеа ФЦЦ во август за да ја запрат досега невидената предвремена ревизија на дозволите за осум станици на Еј-би-си, тврдејќи дека администрацијата на Доналд Трамп се обидува да ја казни мрежата поради нејзината телевизиска содржина.

Ad
Ad