Connect with us

Политика

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче треба да разбере дека ширењето лаги и паника меѓу граѓаните не е политичка програма

Венко Филипче каде и да се појави дали на прес-конференција, дали во Собрание, на медиуми прави едно те исто само лаже и шири паника меѓу граѓаните. Но, очигледно е залутан во политиката и го знае само тоа.

Како што правеше неговиот ментор Зоран Заев, исто така сега и Филипче се врти по добро познатата политичка матрица, лаги и манипулации.

Кога е во прашање Филипче, а и талогот од СДС очигледно е дека немаат факти и аргументи и им останува единствено да посегнат по заплашување на граѓаните.

Во оваа ситуација можеме да се обидеме да му ги отвориме очите на Филипче и колку толку да го просветлиме.

Филипче разбери дека политиката не е натпревар во ширење лаги и страв. Филипче доста е од евтини политички трикови. Филипче наместо да ги лажеш граѓаните излези во јавноста со факти, ако воопшто ги имаш.

Единствениот адут на Филипче лаги и ширење хистерија, а тоа не е политичка програма.

Граѓаните јасно кажуваат на кого му веруваат, а ги препознаваат твоите лаги.

Ad
Ad