Connect with us

Економија

Бујаре Абази: Алта банка Белград со комплетна документација ја презеде Стопанска банка Битола

Комисијата за надзор на пазарот на капитал заседаваше на редовна седница и некој не ја оспори комплетната документација доставена до нас за давање согласност на понудата за преземање на Стопанска Банка Битола од страна на АЛТА Банка Белград, истакна Бујаре Абази, претседател на Комисијата за надзор на пазарот на капитал, која како сведок учествуваше на денешната надзорна расправа за АЛТА Банка во македонското Собрание.

Пред членовите на Комисијата за финансирање и буџет, Абази одговараше на прашања поставени од пратениците Сања Лукаревска, Миле Лефков и Рина Ајдари кои се фокусираа на процесот на преземање на Стопанска банка Битола од АЛТА Банка Белград и документацијата потребна за тој процес.

-За овој случај испочитуван е законот. Огласот беше објавен во три национални весници, а ние имавме задача, и тоа го направивме, да провериме дали има комплетна документација од банката што даде понуда. Исто така имаше документи од Централната банка во Србија, од Народната банка на Македонија, усвоени документи од Комисијата за заштита на конкуренцијата од Србија и од Македонија. Купувачот имаше документи потребни согласно закон и со тоа можеше да купи 100 проценти од акциите на Стопанска банка Битола за што беше склучен договор со согласност од надлежен орган. Нашата Комисија ја разгледа документацијата и констатира дека нема забелешки, тие се констатирани и во записник од одржаната седница. Одлуката како членови на Комисијата ја донесовме едногласно – одговори Абази и додаде дека до овој момент е врз основа на законот и од почеток до денес нема ниту еден проблем, недостига ниту еден документ за постапката за начинот на преземање на банката.

Ad
Ad