Connect with us

Фудбал

Арсими последен четвртфиналист во Куп натпреварувањето

Фудбалерите на Арсими се последните кои изборија пласман во четвртфиналето од Купот на Македонија. Тие денеска во последното осминафинале ја совладаа екипата на Брера Струмица со 3:1. Домашниот тим водеше во првото полувреме, но гостинскиот тим направи пресврт во вториот дел.

Овој натпревар се играше во друг термин поради настапот на струмичани во младинската Лига на шампиони.

Четвртфиналните натпревари од Купот ќе се играат напролет, а пласман во четвртфиналето обезбедија: Скопје, Струга, Арсими, Вардар, Силекс, Шкендија Арачиново (прволигаши), Работнички, Македонија ЃП (второлигаши). Пехарот во ланското издание го освоија фудбалерите на Силекс.

Натпреварите од четвртфиналето од Купот ќе се играат напролет.

Ad
Ad