Политика
Манасиевски: Филипче се скри на „Бихачка“ по откривањето на вистината за Алта банка
Филипче се скри на „Бихаќска“ по откривањето на вистината за Алта банка. Со месеци говореа за Давор Мацура и Алта банка, а на крајот се утврди дека тие биле првите што дозволиле да купи акции од Македонија, тој е оној за кој говореа дека е криминалец и дека поседувал сомнителен капитал, изјави денеска на прес-конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, стои во партиското соопштение, што МИА го пренесува интегрално.
Со месеци говореа дека Алта банка имала забрана за работа во ЕУ, поточно во Австрија, за на крајот да излезе дека немале забрана за работа, туку добиле прекршочна казна од австрискиот регулатор.
Ширеа паника и хистерија дека банката ќе пропадне и дека граѓаните ќе останат без пари, па откога сите видовме дека банката е ликвидна и дека нема да пропадне, а дека државата се става во заштита на граѓаните, тргнаа со личен напад кон претседателот Мицкоски.
Бараа надзорна расправа во Собранието, па кога таа веднаш беше прифатена, ја одложија за една недела, сè уште не знаат за кога да го закажат продолжетокот бидејќи вистината им се изнесе на виделина.
Ниту банка ќе пропадне ниту граѓаните ќе бидат оставени на цедило. Тоа беше во времето на СДС. Денес, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ и претседателот Мицкоски се на страната на граѓаните, а Филипче и СДС се на страната на криминалот.
ноември 16, 2026

