Свет
Американскиот министер за финансии изјави дека Иран се соочува со историски економски колапс
Иранската економија се соочува со еден од „најбрзите колапси во историјата“ додека американските санкции се заоструваат, изјави американскиот министер за финансии Скот Бесент.
Бесент за Фокс њуз изјави дека очекува економијата на Иран да се намали за 25 проценти меѓу март 2026 и март 2027 година.
– Ова е најголемата економска изолација во историјата на светот против една земја – рече тој.
Бесент исто така ги потврди извештаите дека ја напуштил својата приватна резиденција во Вашингтон по наводните закани од Иран, велејќи дека нивото на закана било премногу „високо“ за да остане таму. Тој не ја откри својата нова локација, но американските медиуми јавија дека се преселил во воена база.
По налог на претседателот Доналд Трамп, Бесент го засили економскиот притисок врз Техеран.
САД воведоа санкции за поддржувачите на Техеран, вклучувајќи банки, поединци, компании и авиокомпании.
ноември 16, 2026


