Фудбал
Моријасу ја напушта клупата на Јапонија
апонската фудбалска федерација објави денеска дека актуелниот селектор Хаџиме Моријасу (58) ќе поднесе оставка следната недела, по одложувањето на Азискиот куп, кој требаше да стартува на почетокот на 2027 година.
Моријасу, кој ја предводи Јапонија од 2018 година, требаше да се повлече на крајот од континенталниот турнир, но Азискиот куп, кој требаше да се одржи во Саудиска Арабија во јануари, е одложен за декември 2027 година поради конфликтот на Блискиот Исток.
Раководното тело на јапонскиот фудбал потврди дека претстојните пријателски натпревари против Бразил во Сингапур, в сабота и против Парагвај следниот вторник ќе бидат последни на Моријасу како селектор.
Моријасу има најдолг селекторски стаж во историјата на јапонскиот фудбал запишувајќи 77 победи, 17 нерешени и 18 порази на 112 натпревари.
Под негово водство, Јапонија го освои среброто на Азискиот куп во 2019 година, а играше во осминафиналето на двете последни светски првенства, 2022 и 2026.
ноември 14, 2026


