Connect with us

Свет

Над 1.000 закани за бомби во училишта во Шкотска испратени од Тајван, се покажаа лажни

Лажни закани за бомби, што беа испратени по е-пошта до околу 1.000 основни и средни училишта во Шкотска, биле испратени преку адреса од приватен универзитет во Тајван, кој сега е суспендиран, соопштија денеска шкотски и тајвански претставници.

Мистериозна група вчера испрати слични заканувачки пораки до адресите на околу 6.000 училишта во Италија, како и на стотици училишта во Северна Ирска и Република Ирска, објави „Шкотски дејли експрес“.

Според италијанска АНСА, е-поштата е испратена од сметката на приватниот универзитет „Даиџех“ во Тајван, на која името Лиу Фанг Чун било напишано со традиционални кинески знаци.

Истрагата на Универзитетот „Даиџех“ откри дека голем број е-пораки биле испратени од е-поштата на поранешен студент и дека сметката се чини дека е хакирана.

Многу училишта во Шкотска беа евакуирани поради заканувачките пораки.

Ad
Ad