Connect with us

Политика

ВМРО-ДПМНЕ: Срамота е СДС да прави прес-конференции со измислени материјали

Срамота е СДС да прави прес-конференции со измислени материјали.

Пораките за кои СДС зборува се тотална измислица и фабрикација на нивната кујна за лаги и манипулации.

Лагите и манипулациите се најсилното оружје на СДС, таму најдобро се снаоѓаат во недостаток на конкретни политики.

Да се излезе со фабрикувана порака на убиената Росица, со тврдење дека е вистинита е повеќе од лага, тоа е злоупотреба на смрт на една млада девојка во политички цели, што е надвор од сите морални основи и некрофилство од невидени размери.

До каде ќе оди умноболието на СДС?