Connect with us

Вести

Министерството за транспорт: ДУИ и СДСМ ги уништија „MЖ транспорт“ и „МЖ инфраструктура“, ЈО да постапи по ревизорските извештаи

Двете јавни претпријатија „Македонски железници транспорт“ и „Mакедонски железници инфраструктура“ ги примија двата ревизорски извештаи за периодот во кој со претпријатијата раководеа кадрите на СДСМ и ДУИ. Во ревизорскиот извештај, кој е изготвен на барање на актуелните раководства, се нотирани клучни проблеми и за нив веќе се преземени мерки – соопшти Министерството за транспорт.

– Сметаме дека врз основа на аномалиите што се нотирани во извештајот и клучните проблеми што биле игнорирани од претходните раководства, јавните претпријатија биле доведени на раб на пропаст и нивно целосно уништување – се наведува во соопштението.

Министерството апелира до Јавното обвинителство и надлежните институции да ги проверат наодите на Државниот завод за ревизија.

– Државниот завод за ревизија по службена должност треба да ги испрати извештаите до надлежните институции, а тие во целост ќе бидат испратени до Јавното обвинителство и апелираме да постапи по овие извештаи за двете јавни претпријатија, „Македонски железници инфраструктура“ и „Македонски железници транспорт“ се однесуваат на работењето до 2024 година, и извршена е ревизија на финансиските извештаи заедно со ревизија на усогласеност на јавните претпријатија – нагласуваат од Министерството.

Ad
Ad