Connect with us

Вести

Андоновски: Европската комисија го препозна напредокот во дигитализацијата на Македонија

Во извештајот за напредокот на Македонија за 2026 година, во Поглавјето 10 – Дигитална трансформација и медиуми, Европската комисија констатира „добар напредок“ и го подигнува нивото на подготвеност на државата – нагласува министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски.

– Европската комисија го препозна напредокот во дигитализацијата на Македонија. Од оценка „ограничен напредок“ во периодот 2021 – 2024 преку „одреден напредок“ во 2025, до „добар напредок“ годинава. Зад оваа промена стојат многу работа, посветен тим и конкретни резултати. Повеќе електронски услуги и удвоено користење од граѓаните. Подобра електронска размена на податоци меѓу институциите. Зајакната кибербезбедност. Нови закони и стратегии усогласени со европските стандарди – напиша Андоновски на објавата на „Фејсбук“.

За мене, како што посочува министерот, најважно е реформите да се чувствуваат во секојдневието – помалку чекање, помалку документи и побрзи услуги за граѓаните и компаниите.

– Оценката е признание за сработеното и обврска да продолжиме уште посилно. Ја градиме дигитална Македонија – потенцира министерот Андоновски.

Ad
Ad