Connect with us

Вести

Муцунски: Надворешната политика повторно највисоко оценета од Европската комисија

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски денеска истака дека Европската комисија во извештајот за напредокот на земјата за 2026 уште еднаш ги потврдила јасната надворешнополитичка ориентација на државата, нејзината кредибилност како партнер на Европската Унија и доследната определба за полноправно членство во Унијата.

Муцунски во објава на „Фејсбук“ истакна дека извештајот за 2026 година констатира добро ниво на подготвеност и сериозен напредок во Поглавјето 31, како и задржана целосна усогласеност со Заедничката надворешна и безбедносна политика на Европската Унија.

– Европската комисија оценува дека ваквата усогласеност испраќа силен сигнал за нашиот стратешки избор за членство во Унијата и ја потврдува државата како доверлив партнер. Воедно, нотира дека препораките од минатата година се во голема мера спроведени и дека продолжува активниот политички дијалог со ЕУ за надворешни и безбедносни прашања – нагласи шефот на дипломатијата.

Високо ниво на подготвеност, додаде Муцунски е констатирано и во Поглавјето 30 – „Надворешни односи“, со тесно усогласување со трговската политика на ЕУ и активен придонес во регионалната економска соработка.

Нагласи дека позитивно се оценети и зголемената одбранбена подготвеност, поддршката за Украина, како и активниот ангажман во Обединетите нации, Советот на Европа и ОБСЕ.

Ad
Ad