Свет
Шефот на кабинетот на индонезискиот претседател разрешен и уапсен поради шпионажа и предавство
Индонезискиот претседател Прабово Субијанто го разреши шефот на својот кабинет Листјо Сигит Прабово поради сомневање за можно предавство, соопшти денеска неговиот кабинет. откако тој беше уапсен заедно со двајца високи полициски функционери под сомнение дека го прислушувале претседателот, неговите министри и други високи лица.
Наводното прислушување може да претставува предавство и сериозно да ја загрози безбедноста на државата, изјави портпаролот на претседателот, Прасетио Хади, пред новинарите.
Листјо Сигит Прабово (кој не е во сродство со претседателот) беше началник на националната полиција пет години пред да стане шеф на кабинетот. Тој беше уапсен заедно со генералниот инспектор Арие Сонт Насутион (началник на правниот оддел на полицијата) и генералниот инспектор Ек Хади.
ноември 5, 2026


