Connect with us

Свет

Оракл го откажа договорот со кинески Тенсент вреден седум милијарди долари по интервенција на администрацијата на Трамп

Американската технолошка компанија „Оракл“ (Oracle) го откажа петгодишниот договор за обезбедување компјутерска моќ за кинеската компанија „Тенсент“ (Tencent), проценет на околу седум милијарди долари, по интервенција на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп, објави „Фајненшл тајмс“, повикувајќи се на извори запознаени со случајот.

Со договорот било предвидено обезбедување пристап до 100.000 современи чипови за вештачка интелигенција во центри за податоци во Југоисточна Азија. Според весникот, станува збор за најголемиот договор од ваков вид што „Тенсент“ го склучил во странство, а за кој првпат беше објавено во септември.

Според два извора, американски претставници изразиле загриженост пред „Оракл“ во врска со договорот. Истовремено, високи функционери од кинеската покраина Гуангдонг, каде што се наоѓа седиштето на „Тенсент“, ја повикале компанијата да им даде поддршка на домашните производители на чипови, наведува еден од изворите, по што договорот бил откажан.

Ad
Ad