Кошарка
Мекиќ се врати во МЗТ Скопје
Македонскиот кошаркарски репрезентативец Адем Мекиќ повторно ќе го носи дресот на МЗТ Скопје, откако денеска стави потпис на договор кој ќе го задржи во редовите на актуелниот шампион во следните една и пол сезона.
За Мекиќ, кој се враќа во македонската клупска кошарка по настапите за хрватски Задар, ова ќе биде трет мандат во редовите на МЗТ Скопје, чиј дрес го носеше од 2014 до 2017 и од 2020 до 2023.
Во дресот на актуелниот шампион Мекиќ освои пет шампионски титули, како и пет пехари во Купот на Македонија.
„По освојувањето на двојната круна во Хрватска со Задар и со огромно меѓународно искуство зад себе, Адем се враќа во Аеродром за да донесе цврстина, енергија и победнички менталитет во битките кои ни претстојат на домашната и регионалната сцена“, објави МЗТ Скопје.
октомври 31, 2026

