Кошарка
Проблеми во Хапоел Тел Авив на релација Мициќ – Итудис
Израелската екипа во кошаркарската Евролига постигна убедлива победа во ова натпреварување во средата совладувајќи го Анадолу Ефес, но по се изгледа дека во клубот има проблем. Првиот играч на тимот Василије Мициќ го „прескокна“ овој натпревар поради повреда на скочниот зглоб, но причината најверојатно е друга.
Според информациите на Спорт 5, тренерот Димитрис Итудис и Мициќ не со добри односи, иако до пред извесно време беа исклучително добри. Сега ситуацијата е дојдена до момент кога веќе не разговараат или имаат минимална комуникација.
И самиот кошаркар потврди дека односите со тренерот не се најдобри или дека се во криза.
Хапоел Тел Авив се наоѓа на третото место на табелата во Евролигата со шест победи и два пораза, а попладнево гостува кај екипата на Дубаи.
октомври 31, 2026

