Connect with us

Регион

Генералниот директор на Радио-телевизија Војводина, Горан Караџиќ, поднесе оставка

Генералниот директор на Радио-телевизија Војводина (РТВ), Горан Караџиќ, денеска поднесе оставка од функцијата, објави РТВ.

Неговата оставка следува по низата повлекувања на раководни луѓе во медиумот. Во вторникот оставка поднесе главниот и одговорен уредник на РТВ, Ненад Чачиќ, како и вршителката на должноста директорка на Првата радиопрограма, Верица Батиќ, и уредничката на веб-редакцијата на јавниот сервис, Весна Искрин.

Караџиќ ја презеде функцијата генерален директор на 20 октомври 2023 година, откако претходно, од 5 септември истата година, ја извршуваше функцијата вршител на должноста.

Горан Караџиќ е роден во 1964 година во Струмица, а средното образование и факултетот ги завршил во Нови Сад.

Во својата кариера работел во медиумите „Глас омладине“, „Став“, „Дневник“ и „Новосадски неделник“. Бил директор на новосадската телевизија „ТВ Аполо“ и главен и одговорен уредник на „Војвоѓански магазин“.

Од 2005 до 2016 година бил член на Советот на Републичката радиодифузна агенција (РРА), денешното Регулаторно тело за електронски медиуми (РЕМ), а во последните две години од мандатот ја извршувал и функцијата претседател на ова тело.

Ad
Ad