Connect with us

Ракомет

Охрид двоен домаќин против литвански Клаипеда

Бранителот на титулата ГРК Охрид ќе биде домаќин на двата натпревари против литвански Драгунас Клаипеда во рамки на 3. коло во ЕХФ Европскиот куп.
Како што денеска објави македонскиот ракометен суперлигаш, првиот натпревар ќе се игра на 21 ноември со почеток во 18 часот во СЦ „Билјанини извори“, а реваншот е ден подоцна во истиот термин.
Ракометарите на Охрид минатата сезона го освоија трофејот во третото по ранг европско клупско натпреварување, а одбраната на титулата ја почнаа со два убедливи триумфи во 2. квалификациско коло против турскиот тим Спор Тото (38-22, 36-24).
ГРК Охрид и во 2. квалификациско коло беше домаќин на двата натпревари.

Ad
Ad