Connect with us

Останати спортови

Пет македонски борци ќе настапат на „ФНЦ 34“ во Скопје

Петмина борачи од Македонија ќе бидат дел од првиот настан на најголемата ММА организација во Европа,  „FNC 34 Fight Nation Championship “ што ќе се одржи во СЦ „Т Арена/Борис Трајковски“, Скопје на 24 октомври. 

Македонската ММА Федерација ќе ја претставуваат: Даниела Алексовска, Марко Трајановски, Тоше Цветков, Ален Амедовски и Дино Старчевиќ.

Ќе има 11 борби, главната е за титулата во која ќе се соочат 

– По повик од многубројни фанови од Македонија, ФНЦ доаѓа по првпат во Скопје. Многу веројатно не сме последен пат овде. Доаѓаме со сериозни борби, ние сме во подем, растеме секој ден. Гледачите ќе можат 4-5 часа да уживаат во спектакуларни борби, изјави на денешнатДражен Форгач, основач и претседател на „ФНЦ“.

Поддршка на настанот дава и Министерството за спорт.

– Министерството за спорт секогаш ќе дава поддршка на вакви проекти кои го промовираат спортот и Македонија. Очекувам интересни борби и полна сала, истакна министерот Ристовски.

Даниела Алексовска, прогласена за Млада спортистка на Македонија за 2025 година, во кафезот влегува како носителка на бронзен медал од Светското ММА првенство во Тбилиси 2025 и полуфиналистка од Светското првенство во Ташкент 2024. Со шест од девет победи освоени со субмисија, Алексовска е еден од најперспективните женски борци во регионот. Нејзин противник ќе биде Мина Хаѕопулу од Грција.

– Очекувам интересна борба. Голема чест ми е што ќе насташувам пред македонска публика и се надевам на победа, рече Алексовска.

Марко Трајановски е првиот Македонец кој освоил злато на Европско ММА првенство — историски успех постигнат во Белград во февруари 2025 година, со победи над претставници на Романија, Бугарија, Украина и Италија во финалето. Титулата ја освои на само 16 години. Против него ќе стои Лука Лаиновиќ од Црна Гора.

– Му порачувам на мојот противник добро да се подготви. Мислам дека тој нема што да бара во оваа борба. Тој на моите прашања нема одговор, јас на неговите има, порача самоуверено Трајановски.

Во главната борба на вечерта, Лом-Али Ескиев ја брани титулата во лесна категорија против Марко Бојковиќ.

Ad
Ad