Регион
Стојанов: Над 600 бродски инциденти во Црно Море од почетокот на војната во Украина
Од почетокот на војната во Украина во Црното Море имало над 600 инциденти со бродови, изјави бугарскиот министер за одбрана, Димитар Стојанов, за време на неговото сослушување во надлежната парламентарна комисија во Народното Собрание.
Министерот прецизираше дека случаите не се само во бугарската ексклузивна економска зона, туку во целиот регион.
-Вакви ситуации најверојатно ќе продолжат да се случуваат и во иднина. Не постои ниту една организација не само во Бугарија, туку и во Украина и Русија што може да ги спречи ваквите инциденти, рече и министерот за одбрана.
Премиерот Румен Радев утрово изјави дека биле регистрирани нови напади со беспилотни летала врз бродови во Црното Море.
октомври 13, 2026


