Општини
Во Битола одбележан државниот празник 11 Октомври
Делегации на Општина Битола, општинскиот Сојуз на борците, претставници на здруженија на граѓани и политички партии со полагање цвеќе пред споменикот на Народноослободителната и антифашистичка војна, поставен на плоштадот „Гоце Делчев“ во Битола, го одбележаа Денот на народното востание – 11 Октомври.
Во својата празнична честитка, градоначалникот на Општина Битола Тони Коњановски порача дека треба да продолжиме да се бориме за напредокот на Македонија.
-Со голема почит кон нивното дело и годинава со оддавање почит кон борците кои го дале животот за својата татковина Македонија, ја праќаме и пораката дека мораме да продолжиме да се бориме за напредокот на Македонија во сите полиња на живот, создавајќи подобри услови за сегашните и идните генерации, порача Коњановски.
Според востановената традиција, денеска цвеќе беше поставено и на други споменици и спомен-обележја кои сведочат за борбата против фашистичкиот окупатор во Втората светска војна.
октомври 11, 2026


