Останати спортови
Бецеки победник на трката за Големата награда на Индонезија
Марко Бецеки (Италија) е победник на трката за Големата награда на Индонезија во мото ГП. Бецеки на Априља ја постигна петтата победа сезонава, прва по месец мај. Денешниот победник водечката позиција ја презема во 19.круг (27 круга се возеа).
Место на подиумот изборија шпанските мотоциклисти Раул Фернандез (втор) и Хорхе Мартин (трет).
– Неверојатно е. Многу сум среќен. Беше убава, убава битка со Раул. Мислам дека заслужуваме ваков резултат, јас и целиот мој тим, особено тие, бидејќи тие никогаш не престануваат да работат, изјави победникот на денешната трка во „кралската класа“.
Во генералниот пласман нов лидер е Мартин so 355 бода или со два повеќе од Марк Маркес, а трет е Бецеки.
Следната трка се вози на Филип Ајленд од 23 до 25.октомври за Големата награда на Австралија.
октомври 11, 2026


