Connect with us

Општини

Министерството за социјална политика и Општина Кавадарци потпишаа договор за изградба на дом за стари лица

Потпишан е договорот меѓу Министерството за социјална политика, демографија и млади и Општина Кавадарци за изградба на Јавна општинска установа за вонсемејна социјална заштита на стари лица, со што е направен значаен чекор кон реализација на овој важен проект. За ова информираше денеска кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев. 

Тој сподели дека новата установа ќе располага со капацитет за 57 лица и ќе се простира на вкупна површина од 3.365,1 квадратни метри. Вкупната вредност на договорот изнесува 154.927.746 денари, од кои 149.489.782,12 денари се обезбедени од Министерството, додека 5.437.963,88 денари се учество на Општина Кавадарци преку средства од општинскиот буџет.

Притоа додаде дека до крајот на месецот се очекува да започнат градежните активности, со што проектот влегува во фаза на реализација.

-Со изградбата на оваа современа установа, Кавадарци ќе добие значаен капацитет за згрижување и социјална заштита на старите лица, создавајќи подобри услови за грижа, сигурност и достоинствен живот. Ова е инвестиција во луѓето, во социјалната сигурност и во подобра иднина за Кавадарци и неговите граѓани – подвлече градоначалникот. 

Ad
Ad