Connect with us

Општини

“Гратче Треил” на 25 октомври по трет пат

Клубот за планинарски спортови „Осоговски Орел“  денеска на прес-конференција во Паркот на револуцијата во Кочани го најави одржувањето на „Гратче Треил 2026“, трето издание по ред на овој спортско- рекреативен настан.

Трката ќе се одржи на 25. овој месец, на патека во околината на вештачкото езерото „Гратче“, десетина километри од Кочани. Организаторите очекуваат учество  на околу 250 натпреварувачи.

„Гратче Треил“ се организира по трет пат, а патеката годинава останува во најголем дел иста, со мали измени. 


– Имаме чест да го најавиме одржувањето на „Гратче Треил 2026“, спортско-рекреативен настан посветен на планинското трчање, активниот живот и спортот. Ги повикуваме сите заинтересирани учесници, рекреативци и љубители на планинското трчање да се пријават и да бидат дел од настанот, истакна Мартин Стоилов од КПС „Осоговски Орел“.

Заинтересираните учесници можат да се пријават преку линкот објавен на официјалните Фејсбук и Инстаграм страници на КПС „Осоговски Орел“.

Ad
Ad