Connect with us

Фудбал

Рамон Вега објави кандидатура за претседател на ФИФА

Поранешниот швајцарски репрезентативец Рамон Вега ја објави денеска својата кандидатура за прв човек на ФИФА на изборите што ќе се одржат следната година, со што стана првиот против кандидат на актуелниот претседател Џани Инфантино.
Вега (55) стави крај на професионалната кариера во 2004 година, откако претходно настапуваше за многу клубови, вклучувајќи ги Тотенхем, Селтик и Вотфорд.
„Се кандидирам за повторно обединување на глобалното фудбалско семејство, спроведување вистински и трајни реформи, модернизирање на ФИФА и враќање на стабилноста и кредибилитетот, како и довербата што итно му е потребна на нашиот спорт“, порача Вега во својата кандидатура.
Вега планираше да му боие против кандидат на Инфантино и на изборите во 2019 година, но тогаш не успеа да ја обезбеди потребната поддршка за учество на изборите.
„Се кандидирам затоа што мојот живот ме подготви да му служам на фудбалот“, посочи Вега.

Ad
Ad