Connect with us

Фудбал

УЕФА утре избира против кандидат на Инфантино

Раководителите на европскиот фудбал од сите 55. членки на УЕФА утре ќе се соберат во Берлин во обид да се договорат кого ќе истакнат како свој кандидат на претседателски избори во ФИФА и да ја обликуваат стратегијата за отстранување од должноста на првиот човек на светскиот фудбал Џани Инфантино.

Долгорочните планови на УЕФА вклучуваат подготовка на кривична пријава против Инфантино пред суд во Швајцарија за можни финансиски малверзации во врска со договорот за комерцијалните права на светските првенства.

„Во одреден момент, работите со ФИФА отидоа предалеку и се обидуваме да ги вратиме таму каде што им е местото“, изјави минатиот месец генералниот секретар на УЕФА, Теодорос Теодоридис.

Изборите за претседател на ФИФА ќе се одржат на 18 март во Рабат, а засега единствен против кандидат на актуелниот претседател Инфантино е поранешниот швајцарски репрезентативец Рамон Вега.

Европските федерации сочинуваат повеќе од една четвртина од 211. земји-членки на ФИФА кои имаат право да гласаат на изборите.

Сепак, УЕФА не е обединет блок. Инфантино доби ветување за поддршка од Азербејџан, родната земја на негов близок соработник, како и од Летонија, а претходно оваа недела има средби со фудбалски и владини претставници во чешката престолнина Прага.

Ad
Ad