Фудбал
Барселона со порака до Меси: Ти испиша историја
Поранешниот клуб на Лионел Меси, Барселона, објави вечерва специјална порака на социјалните мрежи по повод последниот натпревар на легендарниот фудбалер во дресот на аргентинската репрезентација.
„Од златниот медал во Пекинг во 2008 година до незаборавната кариера, ти испиша историја на секој чекор со Албиселесте (бело – сините). Честитки, Лео: благодарение на тебе, дресот на аргентинската репрезентација станува уште полегендарен!“, напиша Барселона на платформата Икс.
Триесетидеветгодишниот Меси изминатата ноќ го одигра својот последен натпревар за аргентинската репрезентација.
Во пријателскиот натпревар против Бенин на стадионот Монументал во Буенос Аирес, Аргентинците победија со 3-0, а Меси со капитенската лента постигна еден гол и запиша две асистенции.
октомври 8, 2026


