Политика
ВМРО-ДПМНЕ: Левица потврди дека податоците кои излегоа во јавноста, дека раководството ја молзи партијата, се точни

Левица со обвинувањето дека наводно некој направил неовластен упад во банкарски сметки штотуку призна дека податоците што се изнесуваат во јавност се релевантни и веродостојни, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ, што МИА го објавува интегрално.
Значи самите признаа дека партијата Левица ја гледаат како молзница за богатење и дека прикриените богаташи во јавност глумат испосници.
Кога веќе прашуваат, ќе им одговориме дека податоците кои ги добивме се од свиркачи и тоа од редовите на самата партија Левица.
септември 21, 2025