Connect with us

Политика

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Филипче се единствената опасност за се што е добро во државата

СДС и Кузеска да престанат да шират дезинформации и да ја манипулираат јавноста, се вели во рекацијата од ВМРО-ДПМНЕ, на денешната прес-конференција на портпаролката на СДСМ Богдфанка Кузеска, што МИА ја пренесува интегрално.

Заврши времето кога работниците во државата СДС и ДУИ со месеци ги оставаа без плата. СДС и ДУИ ги оставија без плати со месеци вработените во АД Водостопанство и ЈП Македонски шуми. Тоа време заврши.

СДС наместо да ја пофали мерката за 400 пожарникари, ја злоупотребува за политичка кампања.

Фактите се дека ова е првпат во историјата на нашата држава да се имплементира мерка за вработување која целосно ги искористува расположливите ресурси, со цел да се заштитат граѓаните од природни катастрофи и да се подобри животната средина.

Што се однесува до исплатата на учесниците за оваа мерка која е наведена како 6.2 во оперативниот план и е наменета за заштита од пожари, средствата се обезбедени и не станува збор за никакво вонредно плаќање.

Лицата кои се вклучени во мерката се ангажирани на 08.08.2025 година, документацијата, извештајот за редовност, за исплата од страна на организаторот веќе е во тек и ќе биде испратена до Центрите за вработување по што ќе следи и исплатата.

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ работи за граѓаните, со цел да им обезбеди подобар животен стандард и поквалитетни услуги.