Connect with us

Кошарка

АБА лигата ги отфрли барањата на судиите – лигата стартува викендов?

Претседателството на АБА лигата ги одби барањата на кошаркарските судии од регионот во врска со конечната финансиска понуда за висината на таксите за официјалните лица. Како што пренесуваат српските медиуми Мигел Анхел Перес, комесарот за судење и претставник на судиската комисија ќе мора да состави нова листа за претстојната сезона. Но, таа треба да биде одобрена од Собранието на лигата. Ако се случи тоа АБА лигата ќе може да продолжи веќе овој викенд.

На судиите име беше понудена такса во висина од 700 евра и рок од 24 часа да се изјаснат. Но, овој износ е далеку од првобитно побараниот од страна на судиите од 1.200 евра.

Данијел Папак, адвокатот на 63-та судии во предвидениот рок даде одговор, но побара и пролонгирање на рокот за изјаснување. Во образложението е наведено одлуката да биде донесена без притисоци и ултиматуми.

Од АБА лигата го одбија тој предлог.

Од судбината на АБА лигата зависи и натпреварувањето во АБА 2 лигата каде треба да настапуваат македонските екипи МЗТ Скопје Аеродром и ТФТ.

Првото коло во АБА и АБА 2 лигата е одложено