Connect with us

Фудбал

Инфантино покажа подготвеност да издвои повеќе пари за членовите на ФИФА од резервите на федерацијата

Претседателот на Светската фудбалска асоцијација (ФИФА), Џани Инфантино, посочи дека поголема сума од нејзините 5,13 милијарди евра резерви би можела да се распредели меѓу членовите на ФИФА, објави „Би-би-си“.

Според британскиот сервис, до шест континентални конфедерации е испратено писмо во кое претседателот на ФИФА изјавил дека ќе поддржи „највисоко ниво на дополнително финансирање што може одговорно да се обезбеди“. Писмото е испратено во понеделник, 28 септември.

Ова писмо доаѓа откако УЕФА и КОНКАКАФ – конфедерациите што ги претставуваат Европа и Северна Америка, Централна Америка и Карибите – побараа ФИФА од своите резерви да им исплати приближно по девет милиони евра на сите 211 членки.

Предлогот ќе го разгледа Советот на ФИФА на состанокот на 15 октомври.