Connect with us

Сервисни информации

ЈП „Комунална хигиена“: Расчистени 915 кубни метри отпад од диви депонии низ Скопје

Екипите на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје во текот на изминатата недела отстраниле вкупно 915 кубни метри непрописно одложен отпад од диви депонии на јавни и сообраќајни површини низ сите скопски општини.

Како што информираат од претпријатието, најголемо количество отпад е подигнато на територијата на Општина Центар, каде што се расчистени 185 кубни метри непрописно одложен отпад.

Во рамки на контролите за почитување на прописите за јавна чистота, Еко-патролата на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје во текот на минатата седмица изготвила 15 записници за физички и правни лица затекнати при прекршување на Законот за јавна чистота. Најголем број записници биле издадени на подрачјето на Општина Чаир.

непрописно одложен отпад Од претпријатието потсетуваат дека граѓаните и натаму имаат можност без надомест да го одложуваат кабастиот отпад, како што се стар мебел, електрични и електронски апарати, во Центарот за селекција на отпад во Карпош. Центарот е отворен секој ден од 7 до 19 часот.

За граѓаните кои имаат потреба од преземање и транспорт на кабаст отпад од нивните домови, ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје нуди услуга со специјални комунални возила, која може да се нарача од понеделник до петок, во периодот од 7 до 15 часот, на телефонските броеви 0800 222 33 и 3216-644.

Од претпријатието посочуваат дека услугата се наплатува согласно важечкиот ценовник објавен на нивната веб-страница.